06 Октомври, 2024
0.0307

Работниците со ниски примања ќе може да се пријават за платен годишен одмор

Објавено во: Македонија 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Работниците со ниски примања веќе можат да аплицираат за мерката за користење на годишен одмор, во рамки на Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија 2018 година, на Министерството за економија. Јавниот повик беше распишан на 2 април, а пријавувањето за оваа мерка заедно со комплетната потребна документација е до 31 мај 2018 година, иако принципот на користење на средствата е „прв дојден прв услужен“, до искористување на вкупниот буџет од 30 милиони денари, со кои ќе бидат субвенционирани 2000 семејства.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени, а нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари. На работниците со ниски приходи-баратели кои навремено доставиле уредна и комплетна документација Министерството за економија ќе издава Потврда во вкупна вредност од 15.000 денари за да ја искористат во категоризираните угостителските објекти за сместување во Република Македонија кои се претходно пријавени во Министерството за економија.

Целта на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.За учество по Јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават:

·  Пополнет образец за барање (готов формулар кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);

·  Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три (3) месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство (доколку се вработени) кои заедно со него ќе го користат одморот;

·  Потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени (доколку истите не се вработени);

·  Фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот;

·  Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство, кои се наведени во барањето, ќе го користат одморот (готов формулар);

·  Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (личните податоци и финансиските средства), потпишана од подносителот на барањетo (заверена на нотар).

Притоа, едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор, а потврдата ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2018 година во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерство за економија.

Барањето треба да се достави до архивата на Министерството за економија лично или преку пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 Скопје, а Листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација се објавува на веб страната на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.


Можеби ќе ве интересира

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица