26 Април, 2024
0.0265

Раде Мадиќ-на крилата на брзините

Објавено во: Колумни 22 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Имав чест и задоволство да го познавам Раде Мадиќ, иконата и легендата на скопските моторџии. Да бидам попрецизен бевме соседи до земјотресот на Луј Пастер, улица што поминуваше низ срцето на култното центарско Циган маало.Семејството Мадиќ живееше во убава двоспратна куќа со голем балкон што гледаше накај улицата на кој често си играа неговите преубави внуки Љиља и Рада и им се обраќаа на минувачите со „чико колико је сати?“. Пред куќата постојано беше паркиран моторциклот на Раде (најубав беше Пухот со пониклуван и високо поставен ауспух) околу кој се моткавме и понекогаш кришум се пентравме замислувајќи се,како што си велевме, како „Мадиќ у кривина“.


Од мојот консултант за скопските состојби од пред земјотресот Борче Петрушевски деновиве ја слушнав целата приказна за Раде, негов другар од 50-те па се до заминувањето во вечноста на големиот вљубеник во брзините и возбудувањата. Раде да ти бил и велосипедист заедно со Боки, Руди Широка и Александар Кулевски во Вардар, но и скијач во трчање на долги патеки со Гого мали, Зоки фотографот и дружината што и јас ја познавав од долгогодишните дружби на Маврово, Руди,Борче и уште понекој.Раде летно време вози велосипед, а зимно скија (подоцна станува алпски скијач веројатно заради брзините). Со Љубомир Вагленаров и мојот соговорник бил на мото трки во Белград на Бањица каде што забележал висок пласман во силна конкуренција. Ги паметам трките по скопските улици на кои беше главен заедно со Гламузина.

Дружината млади и главни скопски фраери се собира пред дуќанот за поправка на велосипеди на Мадиќ и Кулевски кај куклен театар (кај Стара нова бања и Арапска куќа,а кога ќе дојде време се сели на корзо пред Громби и дуќанот за кожени производи,а по растурањето на скопската вечерна атракција се знае во меана Москва, Македонија, Пелистер, но главно врталиште е домот на милиција со евтина скара и билијард за забава. Биле главни у Сарај, туристичко угостителска атракција само за избрани гости со пропусница до таму со голем чалам се доаѓа на мотор, на восхит на убавите девојки од Ѓорче.

Често ги поправале фиќовците на скопските глумци од театарот и тоа му носи на Раде работен ангажман во преубавата куќа на глумата кај Еврејско маало, каде што се вработува како инспициент.Работа што ја работи со успех долго,но тоа малку ги оддалечува старите другари од Водно и Циган маало. Со Црни (снимателот Вагленаров и Циго, новинарот Диме Костовски заедно со Мац од Горење и Зоран Вангелов секое лето се во Грција со трајлери и под шатори,а чести се летувањата и на наше море од кои има безброј спомени и случувања.Раде вози „фијат тополино“ со кој од Уред ја однеле сопругата на Борче Донка со бебето Биле и тука ја завршувам приказната за Раде Мадиќ со забелешке случајно или не неговиот син Никола малку поработел и во Хард Рок на Тоде зетот на Борче за Билјана. Никола и неговата сопруга се дружат со мојата ќерка и зетот, со Раде скоро и не се знаевме, но децата ни се блиски-се ла ви!

Mojсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД