30 Април, 2024
0.0401

Радио Слободна Европа: Одблокирани заклучоците на ЕУ со компромис што ги задоволува бугарските барања

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Одблокирани се заклучоците за Западен Балкан, со тоа што е пронајдена компромисна реченица која ги задоволува бугарските барања за добрососедските односи и тие ќе бидат усвоени, велат дипломатски извори за дописникот на Радио Слободна Европа во Брисел .

Европската Унија редовно во декември на ниво на министри за европски прашања усвојува годишен извештај за регионот, а на последниот состанок кој беше оддржан на 8 декември, тоа не беше можно затоа што Бугарија го блокираше усвојувањето поради билатералниот спор со Северна Македонија.

Во најновиот нацрт заклучок, во кој РСЕ има увид, стои компромисна дефиниција, која како што рекле дипломатските извори, ги задоволува бугарските барања со што е одблокиран процесот на донесување заклучоци.

„ Изјави и работи кои негативно влијаат на добрососедските односи мора да се одбегнуваат. Советот на ЕУ потсетува на Договорот од Преспа меѓу Република Северна Македонија и Грција, како и на Договорот за добрососедски односи и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната примена. Овие два чекора треба ефективно да стават крај на сите тврдења засновани на погрешна интепретација на историјата,“ стои во нацрт заклучокот.

Од друга страна, прашањето за усвојување на преговарачаката рамка за Северна Македонија, како што велат дипломатските извори за дописникот на РСЕ од Брисел, претходно беа тргнати од дневен ред поради бугарското вето.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија