16 Мај, 2024
0.0291

РАКОМЕТАРОТ ТОТ Е НА КАРИЛ-ДОНЕСЕН Е БЕЗ СРЦЕВА АКЦИЈА: Д-р Мојсова Мијовска со детали за Фактор

Објавено во: Македонија 08 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Хрватскиот ракометар Денис Тот кој синоќа бил претепан во Скопје е хоспитализиран на Клиниката за Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување и е во критична состојба, потврди за Фактор раководителката на оваа Клиника, д-р Маја Мојсова Мијовска.

-Во индуцирана кома е моментално бидејќи кај нас е донесен синоќа без срцева акција. Без срцева акција е враќан во живот. Колку време бил без срцева акција не можеме да кажеме до моментот на приемот во Ургентниот центар, појаснува д-р Мосова Мијовска.

Како што претходно пишуваше Фактор, Денис Тот бил примен со тешки повреди по целото тело, а она што во моментов може да го потврди неговиот клуб е дека неговата ситуација е критична и ракометарот се бори за живот. Имал неколку скршеници и многу други повреди, најверојатно настанати откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници и клоцање. 

Не се знае што точно му се случило, а од МВР само со кусо соопштение ја информира јавноста дека вчера 07.04.2022 во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

-СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, се вели во соопштението на МВР.

Според изјавата на неговиот брат Борис дадена за хрватските медиуми, родителите веќе се на пат кон Скопје.

Инаку, неофицијално се дознава дека инцидентот се случил ноќниот клуб Привилиџ, а наводно се избришани и видеата кои би помогнале во расчистување на случајот.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното