27 Април, 2024
0.0362

Рама открива за судирот со Груевски - Не е чудно што Албанците гласаа за Заев

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Контроверзниот политичар и премиер на Албанија, Еди Рама, тврди дека имал жестоки дебати со екс премиерот Груевски за статусот на Албанците во Македонија кои според него немале еднаков статус и дека биле неопходно спроведувањето на Охридскиот мировен договор да стане дел од агендата на НАТО пред добивањето покана за членство во алијансата.

„Ние имаме надворешна политика базирана на принципот; нула проблеми со соседите. Со Грција се чинеше дека нема проблеми, но всушност проблемите беа таму. Исто така и со Македонија проблемот беше таму, слонот стоеше во собата, иако други не сакаа да го видат тоа, прекршувањето на условите за еднаквост меѓу Македонците и Албанците беше евидентно“, изјави Рама за ТВ Клан од Косово.

Рама исто така тврди дека Груевски негодувал за забелешките бидејќи тие се внатрешни прашања за Македонија.

„Почнавме да зборуваме отворено лице во лице, но и во јавноста за потребата да во агендата на Македонија да се воведе и Охридскиот договор. Охридскиот договор го внесовме во Велшкиот документ за НАТО, за кој имав многу силна дебата со поранешниот македонски премиер, бидејќи за него тоа беше внатрешно прашање во Македонија“, вели Рама.

Рама го пофали новиот македонски премиер Зоран Заев, за кого рече дека има позитивен став кон Албанците.

-Денес во Македонија имаме влада со европска визија и позитивен пристап кон Албанците во Македонија. Во Македонија повеќе не се игра со знамињата на национализмот, туку со развојна агенда и внатрешна интеграција која се базира врз основа на способноста за водење на држава, вели Рама.

Тој додава дека радикализмот и национализмот се резултат на лицемерниот третман на македонските Албанци, слабеење на албанската политика во Македонија, која во еден момент достигна да се удри во ѕидот.

-Не беше случајно што македонскиот премиер доби голем број гласови од Албанците, бидејќи го тој го отвори патот. Сега, албанското раководство во Македонија треба да гледа подалеку од администрацијата на дневната политика, истакнува Рама.

“Убеден сум дека тоа ќе се случи и на тој начин ќе ги деактивира фундаменталистичките или националистичките групи кои се прошируваат со гнев и на теренот на неможноста за остварување на еднакви права и слобода со другите”, заклучи Рама.


Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган