01 Септември, 2024
0.0248

Рама за нападот во Косово: Белград со оваа одлука, која нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт

Објавено во: Балкан 26 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

По нападот во северно Косово кој се случи деновиве, албанскиот премиер Еди Рама има порака до Србија и Косово. 

Вели дека одлуката на Србија за прогласување ден на жалост за „убиените вооружени лица  во Косово” е неоправдана и неприфатлива. Рама кажа дека „ова е најлошиот сигнал што Србија може да го испрати на регионот и на евроатлантската заедница”.

„Иако требаше да отвори сериозна истрага за членовите на таа криминална група, нивните врски со трговци со оружје и други поединци или субјекти, во Србија или на друго место, потенцијално ангажирани во создавање вооружено движење на северот на Косово, Белград, со оваа одлука, која нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт како никогаш досега од 1999 година! Ова не само што е неоправдано и неприфатливо, туку и за осуда со сета сила на зборови и инструменти со кои располага евроатлантската заедница“, изјави Рама.

Toj порача дека сега е моментот кога Србија треба да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет, или со „сенката врз себе од крајот на 20 век, со духовите и злосторствата од своето неславно минато од 90-тите”.

„Ова е моментот кога Европската Унија и САД мора јасно и решително да одлучат дали ќе го подигнат демократскиот аларм на највисоко ниво за да се запре ескалацијата на конфликтот на северот на Косово, кој влезе во најопасна фаза од 1999 година или ќе продолжат да го одржуваат Дијалогот за нормализација и посветеноста на КФОР на исто ниво кое сега е сосема недоволно! Ова второто денес е сосема непрепорачливо, но утре може да стане сосема неоправдано, бидејќи утре може да биде доцна за првото“, оценува албанскиот премиер. 

Рама упати порака и до Приштина, каде што „е потребно сериозно размислување во оваа тешка ситуација”.

„Ова е моментот кога и Косово мора многу сериозно да размисли и јасно да одлучи дали ќе продолжи со дејствието одделно од своите незаменливи пријатели и своите неоспорни сојузници или ќе дејствува во хармонија и разбирање со евроатлантската заедница  за да се постигне најголемата цел во историјата по победата на војната и прогласувањето на независноста, конечното признавање како земја членка на оваа заедница. Сите други патишта, освен ова второто се патеки на илузии со болни завршетоци, кои го оддалечуваат Косово од главната цел, го празнат од духот на иднината и го претвораат на најапсурдниот начин заложник на мирот среде Европа, бидејќи излезе како победник од борбата да стане слободна европска земја“, додаде Рама. 

Српската Влада на денешната вонредна седница го прогласи утрешниот ден -27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара меѓународна истрага за нападот врз косовската полиција на северот, каде што во неделата вооружена група уби еден и рани двајца косовски полицајци. Четири лица од вооружената група загинаа. 

Премиерката  Ана Брнабиќ изјави дека е лага дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, целата вина за крвопролевањето во Бањска ја префрлил на Србите од Косово. Таа прстот кој впери кон косовскиот премиер Албин Курти. Според неа, тоа е единствениот виновник. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција