07 Октомври, 2024
0.0269

Ранг листа открива колку се доверливи веб сајтовите во Македонија

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Направена е ранг листа која покажува колкава е доверливоста на веб сајтовите во Македонија. 

Во однос на регионот, има земји кои подобро котираат, но и други кои се во полоша состојба. 

Во земјава од 10.868 анализирани медиуми, доверба од 70% имаат 13% oбјави или 1.369 медиуми. 

Во Србија тој процент е 11, во Црна Гора 9, во Словенија 5%, во Грција 3%, Романија 25%, Косово 20, Хрватска 6, Бугарија 18, БиХ 9 и Албанија 15%. 


Врз основа на неодамнешна глобална анализа на 22,5 милиони веб-страници и онлајн продавници во сопствената база на податоци, Scamadviser.com откри дека три проценти од веб-страниците  во целиот свет имаат доверба под 30%, а 13% од анализираните веб-страници имаат доверба под 70%. Тука некаде во овој просек се и резултатите од 10868 скенирани веб сајтови во Македонија.

Scamadviser.com проверката ја изврши со помош на својот алгоритам, кој користи 40 независни извори на податоци. Над 2,5 милиони купувачи месечно го користат Scamadviser.com за да ја проверат исправноста на сајтовите и посебно веб-продавниците. Се проверуваат IP адресата на веб-серверот, достапноста на контактот на веб-страницата, оценката од страна на корисници за страницата и слично.

Инаку, Scamadviser.com ги предупредува потрошувачите не само на измамите за купувањето преку интернет (веб-продавници кои никогаш не испорачуваат стоки), туку и на страниците за фишинг, озлогласените спамери и онлајн продавниците кои продаваат лажни производи.

Глобалниот просек по земји е дека два до три проценти од веб-страниците имаат доверба во онлајн продавниците под 30% и седум до осум проценти под 70%. Освен неколку многу мали земји (Еритреја, Тувалу, Бенин, Свазиленд), Кина има најнесигурни веб-страници (12%), а потоа следат САД со 9%. Меѓу поголемите земји, Грција, Унгарија, Аргентина и Данска се земјите со најмал број интернет измами. Во овие земји, се спроведува темелна проверка на веб-страниците кои бараат ознака од националниот домен.

Целото истражување е достапно на следниов ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија