Рани Бугар, да те лае!
Објавено во: Колумни 11 Декември, 2020 07:20
Идејата за
обединет европски континент на Жан Моне
и Роберт Шуман, под налетите на примитивната дипломатска реторика и кочница на
наследниците на алтајско-туркиските орди, кои во 6-тиот век ја поминаа реката
Дунав, се растури како кула од карти за
граѓаните на Западен Балкан. Ветото на Бугарија врз Македонија, создава и домино ефект „вето“, за неотпочнување и на
претпристапните преговори на соседна
Албанија со ЕУ, а секако тоа дава и негативен импакт врз европристапувањето на
Србија и Црна Гора, кои одамна ги започнаа
преговорите, но истите одат со многу бавно и тромаво темпо.
Неверојатна е и слепоста, глупоста, и неодговорноста на бугарскиот државен врв, за тоа што значи оваа рампа врз европскиот исчекор на Македонија, но, неверојатна е и институционалната стапица која самата Унија си ја поставила како свој одбранбен механизам, односно системот на целосна и заедничка согласност на сите земји членки во однос на идните европроширувања, т.е правото на вето, кое во дипломатскиот речник се избегнува да се именува како такво, односно се дава квалификацијата „немање заедничка согласност“. Лицемерен ЕУфемизам. Западната европска архитектура, по падот на Берлинскиот ѕид, даде натчовечки материјални, логистички, институционално-инфраструктурни, но и морални концесии, за да ги претвори источните советско-болшевички пустини, од другата страна на „Завесата“ во пристојни места за живеење, кои под сталинистичката четири и пол децениска чизма, живееја на европско тло, но со празни рафтови по своите магазини. Особено тоа важи за нашиот источен сосед, кој таа подадена европска рака, за да биде изваден од сталинистичкиот казамат, сега ја поплукува. Рани Бугар, да те лае.
Трагедијата да биде полна, и целосна, Бугарија, но до душа и соседната Романија, беа примени во ЕУ, повеќе од „геополитички причини“, поради стратешкиот излез на Црното Море, без исполнување на Копенхашките критериуми. Денеска резултатите им се поразителни, особено за првата: најсиромашна земја членка на Унијата, со распространета ендемска корупција, со масовно иселување во западноевропските земји, со 111 место по слобода на говор и медиуми според „Репортери без граници“. Една Орбанова Унгарија да позавиди на овој пласман. Сега таа Бугарија, односно нејзиниот кратковид националистички државен врв, опростачена, озлобена, без никаков европски такт и манир, од долапите на своите историски напластени фрустрации, зошто „судбината и историјата си поиграла така“, поставува не фашистички, ами крајно антицивилизациски и антихумани услови, замислете за пропуштање на еден евроинтегративен пат кон една Унија, на својата помала сосетка. Ако ни се браќа, нели овој чин ќе влезе во квалификацијата на братоморство, или уште повеќе ако ни е мајка, а ние „одродени Бугари“, нели е ова најмонструозното чедоморство кое може да биде извршено со умисла?! Ваквите монструмки во САД, „земјата светилник на демократијата и слободата“, завршуваат на електричен стол.
Шокантна и запрепастувачка, просто од неверување да си ги протриете очите, е информацијата дека поради атрубитите „македонски, македонско, Македонци“, не биле потпишувани записниците од заклучоците на меѓукомисиските средби и расправи, од бугарска страна. Па надмено се навредуваат, ако ги спомнеш во контекстот на фашизмот од далечната 1941. И фашизмот е мал, т.е несоодветен збор за опис на ова изживување и злосторство против човештвото. Против слободата на еден народ, против правото на имање на нација и јазик. Грозомора рамна на ИСИС-овото минирање и сквернавење на Палмира. Тоа е бугарската „ политиката“ кон нас, т.е политиката на бугарскиот државен врв, да бидеме политички и фразеолошки коректни и прецизни.
Голема благодарност и длабок поклон, кон десетиците бугарски интелектуалци, универзитетски професори, новинари, аналитичари, дипломати, општественици кои беа факелот на разумот во Красикаракачановиот мрачен вилает на балканското провинцијално дно и примитивизам. Кои ги бранеа македонските разумни и логични позиции. Од европски, но пред се од хумани-човечки побуди и причини.
Благојче Атанасовски-политиколог* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





