17 Мај, 2024
0.0318

Рашковски: Покрај сите внатрешни сопки на некои структури ќе направиме се Супер купот да се одигра во Скопје

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски по повод пишувањата во однос на одржувањето на Суперкупот од Владата излегоа со излагање и убедување дека и покрај сите сопки што ги прават некои внатрешни структури, овој важен натпревар сепак ќе се одигра на Филип Втори.

Во прилог ви ја пренесуваме целата прес конференција на генералниот секретар.

„Тоа што денес е тема на прес конференцијата е нешто што ја засега цела македонска јавност, од причина што ваков настан можеби во догледна иднина никојпат нема ни да имаме во Република Македонија. Зборуваме од областа на спортот.

Знаете дека доаѓаат два можеби најреномирани фудбалски клубови во светот. Сме ја имале привилегијата да го добиеме организацискиот дел на настанот. Тоа што како информација и како забелешка е давано до Фудбалската федерација на Република Македонија и ПУИГ, односно Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија е дека во извештаите, почнувајќи од септември 2015 година, до последниот Извештај пратен на 15.6.2017 година е дека недостатоците се провејуваат низ сите нив. Ако периодот од речиси две години е недоволен да се извршат бараните реконструкции, бараните поправки итн., за да Република Македонија биде добар претставник и добар домаќин, тогаш не знам кој период е доволен некој да ви укажува дека нешто не е во ред со самата организација. Ваквите забелешки не се политички ставови, затоа не треба ниту да бидат политички коментирани, од причина што станува збор за технички работи, за видливи работи кои што вие како новинари можете да излезете на терен и да проверите: дали навистина се поставени клима уреди, дали навистина е изграден просторот каде што треба да бидат стационирани репортажните возила и ред други работи кои што во медиумите веќе се излезени како таскови, кои што ние мораме до 21-ви јули да ги завршиме, бидејќи на 23-ти доаѓа финалната контрола што ќе одлучи дали Супер купот ќе се одржи во Република Македонија или нема да се одржи.

Не е добар коментарот од страна на некои организации и политички партии дека Владата сака да го стопира и дека не се грижи воопшто за одржувањето на ваквиот Супер куп. Ова ви е еден доказ од Дописот, УЕФА, на 15-ти јуни испратен до Фудбалската федерација на Република Македонија. На Фудбалската федерација на Република Македонија и се предочени сите работи кои што морала да ги направи, односно во организација со ПУИГ да ги направи за да може Супер купот да се одржи. Ваквиот допис во Владата на Република Македонија од страна на ФФМ стигнува на 22-ри јуни 2017 година. Значи, седум дена откако е стигнат ваквиот допис, му требаат да стигнат до Владата на Република Македонија за работи за кои што сметаме дека секој ден е многу битен. За сериозноста за тоа колку на Владата и е дојдено до одржување на самиот Супер куп, може да проверите со тоа дека Одлуката која што ја донесе Владата за утврдување на состојбата и преземање на конкретни активности е донесена истиот ден, односно 22-ри јуни. Значи, за разлика од тоа кога седум дена патува писмо од Фудбалска федерација до Владата на Република Македонија, Владата во истиот ден го става на дневен ред и веќе носи заклучоци со кои што го задолжува Генералниот секретаријат, под мое раководство, да ги преземе сите потребни активности за да се потрудиме, а верувам и се надевам дека ќе ве убедиме дека Супер купот ќе се одржи во Република Македонија и ќе најдеме начин како да ги исполниме сите услови.

  За иронијата да биде уште поголема, од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија се побарани алокација на отприлика 120 милиони или околу 2 милиона евра за да може сите работи, како што велат тие, да бидат завршени. Во консултација со фирмите кои што работат на терен, денес и вчера имав интензивни состаноци. Тоа што тие од нас го бараат за да излезат во пресрет и навистина од некои од нив е доста коректно, се некои 18 милиони денари кои што ние би морале да им ги префрлиме на нив и тоа се пред се во набавка на опрема, како би можело да бидат завршени работите од нивна страна.

  Ова ќе го добиете, ќе видиме дали е само јавен податок, Извод кој што го добивме од сметката на ПУИГ, каде што можете да видите, да видиме, дека станува збор за сума од 64 милиони денари кои што ПУИГ ги има на сметка. Покрај тоа, тие бараат дополнителни средства, иако имаат можност да најдат такви средства да ги пренаменат, ако е навистина желбата за одржување на Супер купот, а не е некоја друга, да ги пренаменат за исполнување на обврските.

  Оттука, се прашуваме што правела ФФМ сите овие седум дена, зошто не го праќала и дали навистина има искрени намери сето ова да се одржи или едноставно ги прави работите да изгледаат покомплицирани, за после тоа да се докажуваме чија била вината. Загубата ќе биде на цела Република Македонија, на хотелиерите, на угостителските објекти, на репутацијата на земјата итн., нема да биде само на Владата на Република Македонија.

  Затоа, едно принципиелно прашање до ФФМ. Колку карти имаат добиено како донација од страна на УЕФА? Бидејќи имаме информација дека УЕФА веќе им има обезбедено гратис карти, и вие како новинари, а и ние ќе се обратиме писмено, да прашате каде планираат и на кого планираат таквите карти да ги доделат како гратиси.

  Друга работа која што е симптоматична во сета оваа работа е дека за варосување или како што ние велиме кречење, од тоа што добивме како информација, на просториите кои што се помошни и кои што водат до ВИП влезовите на Стадионот, ПУИГ веќе има склучено договор со извесна фирма АТРИУМ од Вевчани, случајно или намерно сопственост на братот на пратеникот Крсте Мукоски и тоа варосување е по 10 евра од м2. Тоа до нас стигна како информација, ќе го провериме, меѓутоа еве и задача за новинарите кои што мораат да бидат дел од вистината која што се случува во Република Македонија, како таква информација да ја проверите.

  Тоа во кое што ќе ве увериме е, а и ќе видите дека на Владата на Република Македонија навистина и е дојдено да ја промовира државата во најдобро светло и затоа покрај сите, за жал, сопки кои што се прават, и тоа внатрешно, од страна на некои структури кои што не сакаат оваа манифестација да се одржи, мислејќи дека ова го правиме само за промовирање на Владата, ќе им докажеме дека Република Македонија и покрај сите сопки и покрај сите внатрешни непријатности кои што некои ги прават, дека Супер купот сепак ќе го одржиме во Република Македонија.“, изјави Рашковски.


Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори