26 Јуни, 2024
0.0254

Распишан јавен повик за партиципација на граѓани во управни и надзорни органи

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија денеска го распиша јавниот повик за пројавување интерес на лица кои сакаат и имаат желба да бидат ангажирани во управни и надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или индиректна надлежност на Владата.

- Огласот којшто ќе биде отворен до 25 септември е прв ваков оглас со кој јавно и транспарентно се бара од сите граѓани на Република Македонија кои поседуваат определени способности и квалификации да можат да аплицираат и да се стекнат со можност во соодветна процедура да бидат кандидати и да можат да бидат избрани да партиципираат во надзорните и управните одбори во рамките на државните институции, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Заедно, како што рече тој, со првиот распишан оглас за директорски позиции на централно ниво и со вториот оглас којшто во поголема мера беше за пројавување интерес за директорски позиции на локално ниво, со овој трет оглас каде што се опфатени органите на управување - управните и надзорните одбори се шири основата на институции и на органи и севкупно основата за отвореност што ја нуди Владата.

- Ова ќе значи дека Владата во соодветна процедура, базирајќи се исклучиво на своите индивидуални способности, лични знаења и карактеристики, може да партиципираат во управувањето на институциите и на тој начин да придонесат за реализација на реформите, изјави Ѓорѓиев

Можеби ќе ве интересира

Со конкурентни плати и бројни бенефиции, КАМ креира позитивна работна атмосфера и задоволен тим

Со конкурентни плати и бројни бенефиции, КАМ креира позитивна работна атмосфера и задоволен тим

СОБРАНИ НАД 300 ТОНИ ОТПАД ОД НАД 18.000 ВОЛОНТЕРИ ВО GENERALKA WEEKEND 2024 – НАЈМАСОВНА ЕКО-АКЦИЈА ВО ДРЖАВАТА

СОБРАНИ НАД 300 ТОНИ ОТПАД ОД НАД 18.000 ВОЛОНТЕРИ ВО GENERALKA WEEKEND 2024 – НАЈМАСОВНА ЕКО-АКЦИЈА ВО ДРЖАВАТА

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ