Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува в петок
Објавено во: Македонија 09 Август, 2017
Расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски ќе продолжи в петок.
Во процедурално обраќање, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине денешната седница и да почека да го добие известувањето дали со расправата се криши Изборниот законик или не.
Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во Македонија има многу поважни прашања отколку по итна постапка да се разреши Зврлевски. Барањето за разрешување според него е за да се дефокусира јавноста и да се скријат штетните договори и одлуки на власта.
По завршувањето на репликите и контрарепликите, Џафери ја прекина работата по дневниот ред на 6-тата седницата и продолжението го закажа за в петок во 11 часот.