РАСПРАВИЈА МЕЃУ ПОВЕЌЕМИНА ЗАВРШИЛА ЛОШО - 27 годишник прободен во викендица
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2021
Дваесет и седумгодишно момче од Македонска Каменица е прободено во викенд куќа во Поточко маало во Македонска Каменица. Настанот кој е потврден од полициските служби се случил околу 4 часот изутрината.
Според полицијата, причина за немилиот настан е расправија меѓу повеќе лица.
За целосно расчистување на случајот се преземени понатамошни мерки од страна на надлежните.