РАСПРАВИЈАТА ЗА ПАРКИНГ МЕСТО ДОВЕДЕ ДО УБИСТВО, ОЈО покрена постапка против убијците на младиот струмичанец
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 09:46
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
- Во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени. Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди – убодни рани со нож - наведува ОЈО во соопштението.
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




