26 Април, 2024
0.0273

Раст на цените го прекина тргувањето на Македонска берза

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Прекинато па повторно продолжено тргувањето на Македонска берза. И денеска за време од час односно од 11:35 до 12.36 тргувањето беше оневозможено. Берзата го прави прекинот согласно нови правила кои ги усвои на 16 март годинава а според кои ако до 11:45 часот се случи пад или раст на цените на акциите од над 7 проценти берзата ќе се затвори за еден час.

Ако падот или растот се случи после 11.45 тргувањето се прекинува во траење од половина час.

„Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пораст од 7,15 отсто, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%, известија денеска од берза. 

Официјализација на денешниот ден на тргување ќе биде во 14:30 часот.

Оттаму соопштија продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи бесплатно. 

„Надоместокот за користење на eTrader што досега се наплатуваше од страна на Берзата и нејзините членки нема да се наплатува до траење на вонредната состојба во државата поради вирусот COVID 19. Ова е заедничка одлука на Берзата и Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, составена од сите членки на Берзата, велат од Берза. 


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти