Добивај вести на Viber
Раст од 4% бележи индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец 2012 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април годинава, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 1,9 отсто, во секторот преработувачка индустрија порастот е од 3,4 отсто. Во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има раст од 9.5%.
Пад на индексите има кај интермедијарните производи, освен енергија за 3,5 проценти.
Како што покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2013 година, во однос на истиот период лани е во пораст за 3,1 %.