18 Јануари, 2025
0.1613

Раст на приходите на ВИП

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во вториот квартал од 2013 година Вип ја засили својата позиција на исклучително конкурентниот пазар на мобилна телефонија во Македонија. Вип го зголеми својот пазарен удел од 26% минатата година, на 28% во вториот квартал од 2013 година. Претплатничката база продолжи да расте и достигна повеќе од 620.000 корисници. Со двоцифрен раст од 13%, приходите пораснаа до 16.5 милиони евра во второто тримесечје на 2013г. Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA ) е повисока за 33% и изнесува 3.3 милиони евра, со маргина на профитабилност која се подобрува од 17% до над 20% за второто тримесечје на 2013 г. Солидното работење доведе до оперативен резултат кој е повисок за 0.9 милиони евра во споредба со минатата година. - Задоволни сме со резултатите кои ги постигнавме во вториот квартал годинава. Во услови на хипер-конкурентно пазарно опкружување и намалување на стапката на мобилна пенетрација, прикажавме солиден раст во корисничката база и приходите. Тоа консеквентно се отсликува и во зголемување на заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) од 33% во однос на истиот период минатата година. Тимот на Вип ќе продолжи да ги опслужува своите корисници со најдобрите понуди, ќе продолжиме да инвестираме во нашата мрежа за повеќе придобивки на нашите корисници, вклучувајќи ја тука и нашата неодамнешна инвестиција во радио фрекфенции за обезбедување на услуги од последната четврта генерација (4Г) на мобилни комуникациски услуги, - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение