20 Декември, 2025
0.2669

Раст на продажба и нето добивка на Атлантик Група во првата половина на 2015 година

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2015 15:40

Добивај вести на Viber

 Атлантик Група во првата половина на 2015 година, генерираше приходи од продажба од  333,1 милиони евра што во споредба со истиот период во 2014 година, претставува зголемување од 3,5 проценти. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 27,3 милиони евра, што претставува намалување од 10,0 отсто, а во најголем дел се должи на зголемување на цените на суровините, додека нето добивката по малцинските интереси изнесува 18,9 милиониевра, што претставува зголемување за 9,6 отсто.

Од важните бизнис настани во првата половина на годината, се издвојуваат: проширувањето на дистрибутивното портфолио, развојот на сопствените брендови, кои благодарение на иновациите и квалитетот продолжуваат да освојуваатмеѓународни признанија, продолжување на интеграциските активности на Foodland и пуштање на производниот погон за енергетските барови во Нова Градишка. Во втората половина на 2015 година, фокусот ќе биде на понатамошен развој на бизнисот во постојните пазари и интернационализација, како и управување на оперативните и финансиските обврски и ризици.

Со отворањето на нов модерен објект за производство на енергетски барови, во чија изградба и опремување беаинвестирани 13,3 милиони евра, продолжи консолидацијата на капацитетите за производство на Атлантик Група, при штопроизводството во овој сегмент на спортска исхрана успешно беше пренесена од договорените надворешнипроизводители во сопствени погони. Во текот на првата половина од 2015 година, исто така, во фокусот беше интензивнатаинтеграција на компанијата Foodland д.о.о. во  Атлантик Група, со што се создадоа предуслови за поефикасно управување и активирање на планираните синергиски ефекти во рамките на системот.

За севкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првата половина на 2015 година најмногу придонесеСтратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 6,2 проценти, Стратешката бизнис област Слатко и солено со раст од 4,8 отсто, Стратешката бизнис област Пијалоци со раст од 2,3 отсто, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 6,3 отсто и Стратешката дистрибутивна област Србија со раст од 5,7 отсто. Кафето со 19,3 отсто удел од вкупната продажба се издвојува како најголема поединечна категорија со64,1 милиони евра приходи од продажба.

Во однос на пазарите, најголем пораст од 7,3 проценти е остварен на српскиот пазар, кој е втор по големина во Атлантик Група со учество во вкупните приходи од 22,8 отсто. Хрватскиот пазар, кој со 26,0 проценти има најголем удел во приходите од продажбата, бележи раст од 6,6 отсто, додека пазарот Босна и Херцеговинабележи раст од 6,1 отсто во првото полугодие со учество од 7,3 отсто од вкупните приходи од продажба.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 65,3 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,5 отсто, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,5 ​​отсто, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,7 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии