Добивај вести на Viber
Најголемата македонска фармацевтска компанија, Алкалоид, во првите шест месеци годинава има вкупни приходи од продажба од 55,6 милиони евра, што е за 4% повеќе од истиот период лани, покажуваат неревидираните финансиски резултати објавени на Македонска берза. Од тоа, 55% се приходи на странски пазари, што е за три процентни поени помало учество во вкупните продажби, во однос на минатата година.
Бруто добивката на компанијата е поголема за 5% и изнесува 13,7 милиони евра, додека оперативната добивка е помала за 4% и изнесува 5,26 милиони евра, заради зголемените оперативни расходи. Нето добивката на Алкалоид е 4,5 милиони евра и е за 5% помала во однос на лани. Компанијата во првите шест месеци реализирала 44 нови вработувања.