20 Декември, 2025
0.0464

Растат цените на акциите на Волстрит

Објавено во: Свет 12 Април, 2013 11:28

Добивај вести на Viber

На њујоршки Волстрит цените растат четврти ден по ред, со што индексите Dow Jones и S&P 500 дојдоа на рекордни нивоа, бидејќи новите макроекономски податоци ги ублажија стравувањата на инвеститорите од забавувањето на растот на американската економија. Така во четвртокот, индексот Dow Jones зајакна за 0,42 отсто, на 14.865 поени, индексот S&P 500 се зголеми за 0,36 отсто, на 1.593 поени, додека индексот Nasdaq скокна за 0,09 процени, на 3.300 индексни поени. Со тоа индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа новите највисоки нивоа во историјата втор ден по ред, бидејќи пазарот беше поддржан од добрите макроекономски податоци. Иако од почетокот на година индексот S&P 500 се зголеми за 11,7 отсто, инвеститорите се загрижени поради темпото на раст на американската економија, особено откако минатиот петок беа објавени послабите од очекуваните податоци за вработувањето во март. Тие податоци во четвртокот ги ублажи податокот дека бројот на новите барања за помош на невработените минатата седмица паднал за 42 илјади, на 345 илјади, значително повеќе отколку што се очекуваше. Освен добрите вести од пазарот на трудот, инвеститорите го охрабрија и оптимизмот на трговците по прашањето на потрошувачките. Продажбата на многу американски трговски синџири во март поради полошите временски прилики, беше послаба, но аналитичарите и менаџерите на тие синџири очекуваат зголемување на продажбата веќе во април. Аналитичарите на „Goldman Sachs" ја намалија препораката за акциите на „Microsoft" до „неутрално" на „продади", поради слабеењето на пазарот на персонални компјутери. Цените на акциите на „Microsoft" падна за 4,45, а на „Hewlett-Packard" за 6,5 отсто. Притоа индексот S&P на информатичкиот сектор ослаби за 0,5 отсто.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја