Добивај вести на Viber
Засега е голем интересот за за огласот за вработување на 1.600 лица од најранливите категории на граѓани во јавната администрација, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Според него целта на владата е да се направи целосно и валидно евалуирање на сите пристигнати апликации и нивно прецизно бодување, според однапред утврдените критериуми.
-Ова се лица од најтешки категории и не смееме да дозволиме некој да се чуствувса обесправен. Оние кои согласно критериумите, ќе бидат највисоко пласирани тие и ќе бидат доквалификувани и прифатени на најразлични места во јавната и држвната администрација, истакна Груевски.