19 Мај, 2024
0.0370

Разрешен еден од „најдолговечните“ директори поставен од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Бранислав Светозаревиќ е разрешен од функцијата директор на националната установа - Музеј на македонска борба за државност и самостојност, ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим. На негово место како вршител на должност е поставена историчарот Даниела Николова.

По професија, историчар и архивист, Светозаревиќ беше назначен како управител на музејот во 2010 уште додека тој беше во изградба. Неговата функција траеше повеќе од една година откако новата политичка номенклатура предводена од СДСМ дојде на власт.

Светозаревиќ редовно ги бранеше политиките кои се водеа околу оваа установа, а истовремено беа на критика од јавноста.

Овој музеј го следат низа контроверзи и во моментов тотално е разнишано неговото функционирање како дел од проектот Скопје 2014.

Специјана ад-хок комисија од Министерството за култура утврди дека институцијата идеолошки е „застранета“ само низ партиска призма, а истовремено многу пари беа преплатени за неговата изградба и инвентарот. 

Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски во една прилика рече дека музејот само за струја годишно трошел 6,5 милиони денари.

На терасата во овој музеј ВМРО-ДПМНЕ организираше родендеска прослава за 27-годишнината од формирањето.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична