Разрешена романската министерка за образование поради изјава за убиената девојка
Објавено во: Балкан 03 Август, 2019
Премиерот на Романија Виорица Данчила рече дека ја разрешила министерката за образование Екатерина Андронеску заради неодамнешната несоодветна изјава за случајот со убиената девојка.
Данчила напиша на Фејсбук дека ставовите на Андронеску рефлектираат „неодговорен став“ и „недостаток на разбирање“ за силувањето и убиството на 15-годишно девојче кое било киднапирано додека стопирало на пат.
Поранешната министерка порано во една телевизиска емисија изјави дека таа лично „дома била воспитувана да не влегува во автомобил со странци“,
Премиерот рече дека не сака коментарите на Андронеску да бидат поврзани со кабинетот што го води. Андронеску пак рече дека не сакала да ја обвинува жртвата или нејзините родители, пренесува АП.
Неодамнешното убиство на Александра Мацесана (15) предизвика протести во јавноста бидејќи полицијата не успеа навремено да одговори на нејзините телефонски повици дека е киднапирана.
Полицијата имала проблеми со лоцирање на девојчето, бидејќи тие користеле погрешна технологија, а исто така барале непотребни налози за пребарување кога ја пронашлe куќата на мажот кој ја киднапирал после седум часот.
Подоцна беше откриено дека истиот маж убил и 18-годишно девојче кое исчезнало во април годинава.