14 Мај, 2024
0.0245

Развиен лек кој го обновува ‘рбетниот мозок!

Објавено во: Стил 04 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Американски научници развиле лек кој може да го обнови  'рбетниот мозок на местото на повредата на лабараториски глувци.

Лекот ги поттикнува нервите во 'рбетниот мозок да растат и да ја надминат повредата.

Според истражувањето објавено во магазинот Nature повеќето стаорци после вбризгувањето на лекот покажале одреден степен на мобилност и контрола на мочниот меур.

Лекот дејствува така што ги измешува „лепливите“ протеини кои ги спречуваат нервните клетки во раст после повредата.

Научниците велат дека мора да се направат понатамошни испитувања, а хуманитарната организација „Spinal Research“ вели дека е постигнат вистински напредок.

Повредите на 'рбетниот мозок му сметаат на континуираниот проток на електрични сигнали од мозокот во телото и може да доведат до парализа под местото на повредата.

Тимот на медицинскиот факултет на универзитетот „Case Western Reserve“ во Охајо вели дека повреденото ткиво кое се формира после повредата ја спречува обновата на 'рбетниот мозок бидејќи создава протеини кои дејствуваат како лепило.

Долгите иглести делови на нервите таканаречени аксони се заплеткуваат во лепилото ако се обидат со растот да го прескокнат местото на повредата.

Научниците го вбризгале лекот под кожата на стаорец и тој преминал во мозокот и се измешал со активноста на лепливите протеин,

„Беше неверојатно - аксоните растеа и растеа“, рекол водачот на истражувањето Џери Силвер.

Во истражувањето на 21 од 26 стаорци се покажал степен на опоравување, биле во способност на движење, бил во функција мочниот меур.

Потребни се понатамошни тетсирања на повеќе животни пред да се почнат испитувања на човекот, потенцираат научниците.