23 Април, 2024
0.0268

Развој на заедничката аграрна политика на ЕЗ и ширењето на Исток

Објавено во: Колумни 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Проф.Д-р.Борис Анакиев

   1 ДЕЛ.

  Ширењето претставува историска повратна точка за Европа, можност од која таа треба да оствари корист за нејзината сигурност, нејзината економија, нејзината култура и нејзиниот статус во Светот (Програма 2000,Стразбург, Брисел 1997 година.) Кажаното од тогашниот претседател на Комисијата на Европската заедница Сантер важи целосно и за идните членки на ЕЗ од Централна и Источка Европа. Меѓутоа треба да се подвлече: приемот во заедницата воопшто не означува автоматско реализирање на откриените можности, напротив нивното остварување за секоја одделна земја ќе зависи од постигнувањето на масата за преговори. Во уште поголем степен тоа важи за земјоделството. Бидејќи успешниот развој на тој сектор ќе се определува не само од неговата способност да се адаптира кон условите на европскиот пазар, но од менувањето на заедничката земјоделска политика на Сојузот. Вакво стојалиште за Македонија е уште поважно поради местото на земјоделството во националната економија.

  Заедничката земјоделска политика ЕУ се базира како и на економски така и на социјални политики. Првите ги определуваат целите: како подигнување на ефективната пазарна стабилност и друго, додека вторите (социјална политика) имаат за цел постигнување на провиден стандард на животот на вработените во земјоделството, односно животен стандард споредлив со тој на другите социјални групи, зачувување на семејните фирми и селското општество.

  Така формулираните цели на заедничката земјоделска политика се постигнува пред се преку поддршка на цените на земјоделските производи во ЕУ над нивото на меѓународните пазари.

Одговорот на земјоделците на државната поддршка и стабилни цени беше постигнување на таквото производство што од хроничен недостиг на храна во средината на педесетите години во Европската заедница се појавија вишоци во осумдесетите години со што Европската заедница  постигна самоосигурување со храна и се претвори во еден од основните извозници на земјоделски производи.  Меѓутоа тој успех има висока економска цена. На прво место, сметката за поддршка на земјоделците се плаќа од потрошувачите и даночните обрзници. Покрај тоа што трошоците за храна во земјите на ЕЗ завземаат релативно мал дел од вкупните трошоци на потрошувачите и дека со времето тој дел намалува, од макроекономското стојалиште тоа значи чиста економска загуба и забавување на економскиот пораст. Второ , појавата на големите пазарни вишоци бара нивна реализација на меѓународните пазари со што ги блокира можностите за развој на земјоделството кај земјите во развој и ги погодува интересите на традиционалните земји извознички. Вишоците придонесоа за  неодложено количинско ограничување врз производството и како последица големи административни трошоци за нивната поддршка. Трето, анализата покажува дека високите внатрешни цени се абсорбирани од производните трошоци преку нивното капитализирање во цената на земјата. И четврто , Политиката на поддршка на цените ги прави – крупните фирми уште по конкуретно способни, а тоа ја засилува тенденцијата на концентрација на производството.

  Натрупаните проблеми бараат промена на заедничката аграрна политика. По 1992 година настанува премин од директна пазарна поддршка кон систем со поголема улога на директните поддршки (супсидии, компензации).

  Концептот на целите на заедничката аграрна политика е промовиран во почетокот на 21 век кој ќе се остварува на следниот начин:

-Растечката внатрешна и надворешна конкурентска способност, која да дозволи на европските производители можност да го користат позитивниот развој на Светскиот пазар;

-Прехрамбената сигурност и квалитетот како фундаментални задолжувања кон потрошувачите;

-Осигурување на праведен стандард на живот на земјоделското општество и стабилност на  фармерските  доходи;

-Интегрирање на целите на еколошката политика во заедничката аграрна политика;

-Помагање на одржливото земјоделство;

-Создавање на алтернатнивни можности за робата и доход на фармерите и нивните семејства;

-Упростување (поедноставување) на законодавството.

  Така формираните цели создаваат можност за надминување на социјалните проблеми и оние сврзани со животната средина во заедничката аграрна политика.

  Нема сомнение дека основата на земјоделската политика на Унијата  ќе остане непроменета – зачувување на постигнатото ниво на прехрамбена сигурност преку значајна поддршка на производителите.

  Спротивно на мислењето дека земјоделството во ЕУ треба да стане попазарно ориентирано, односно понудата и побарувачката да се ослободат од прекумерното државно мешање, според мнегу коментатори тој сектор во ЕУ ќе стане уште порегуларен. Според нивото на цените и на количината произведена продукција ќе се остварува под форма на постигнување на социјални и еколошки цели.

  Следи продолжение (2 дел)

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок