20 Декември, 2025
0.0462

РЕАГИРА КАБИНЕТОТ НА ВЈОСА ОСМАНИ: „За жалење“ е начинот на кој е расчистен инцидентот на скопскиот аеродром

Објавено во: Македонија, Балкан 06 Август, 2024 15:03

Добивај вести на Viber

Од Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи велат дека „за жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром кој се случи на 2 август. 

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција рече дека му е жал за инцидентот на скопскиот аеродром во кој учествуваше и косовската претседателка. Неговиот косовски колега Албин Курти рече дека официјалниот извештај ќе го расветли целиот инцидент.

Оттаму додаваат дека претседателката Османи никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила.  Велат дека претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. 

„И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – значи и државата – како потенцијален ризик од тероризам“, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Османи велат дека досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота.

По инцидентот на аеродромот, началникот на Одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши доби кривична пријава и е суспендиран. 

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти