РЕАКЦИИ ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО НА ЈАНЕВА: Велат му ја уништи надежта на цел народ
Објавено во: Македонија 21 Август, 2019
По приведувањето денеска на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева за случајот „Рекет“, се јавија реакции.
„И јас и речиси целиот тим на СЈО од почеток знаевме дека жената нема капацитет за таа позиција. Заради големата слика и мисијата што ја имаше ѝ премолчуваме. Но, дека ќе завлезе во таков криминал не сум помислувал ниту во најлошиот сон. Му ја уништи надежта на цел народ за пари. Срам“, пишува адвокатот Александар Тортевски на Твитер.
Ти оставаат 60 дена да уништиш докази, а после бараат 30 дена ПРИТВОР- напиша Димитар Апасиев oд Левица на Фејсбук.