Реакција од конфекцијата „Анел“ од Валандово
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020
Друштвото СОФИРА ДООЕЛ од село Раброво, Валандово кое ја претставува конфекцијата „Анел“ која е грчка фирма реагира на текст објавен на порталот Фактор. Во реакцијата од компанијата се наведува дека во текстот „Ковид беснее на истокот на Македонија“, се надевдува дека „Анел“ е затворена што според тврдењето од компанијата е факт што е навреда и клевета за нив.
„Со ваквата јавна објава во која се изнесуваат произволни и непроверени факти, со намерно изнесување на невистини и лаги, се нанесува штета на угледот на правното лице, кое што по извршената објава се соочува со секојдневни јавувања од своите коминтенти, откажување на договорени соработки и договори за работа, како и реакции од останатите вработени кои не се јавуваат на своите работни места и не ги извршуваат своите обврски бидејќи се плашат и сакаат да си го заштитат своето здравје, со што правното лице трпи ненадоместлива штета, стои во демантот.
Фактор го објавува демантот ја повлекува објавата и се извинува за ненамерната грешка.