РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ РАБОТА ЗА ПАРТИСКИ КАДАР: Кој и како се вработува во јавната администрација?
Објавено во: Економија 11 Јули, 2018
„Процесите кои сите ги забележуваат, да се примаат нови луѓе, а старите таму да остануваат само зборува дека во земјата можеби и не постои повеќе партиски систем, туку повеќе има тепачка за пари во како што вели, една исцрпена, осиромашена и урнисана земја“, вака за Фактор професорот на Правен факултет Димитар Гелев ги оценува последните вработувања во јавната администрација.
Само во последните два дена државната фирма ЕЛЕМ и Министерството за финансии објавија огласи за вработување.
Според Гелев во основа сите јавно-правни прописи се само обични кулиси што маскираат еден длабоко вкоренет еднопартиски систем а потврди за познавање странски јазик, полагање испити, конкурси итн. не се ништо друго оствен маскирање на старите удбашки норми за морално-политичката подобност и полициски сертификати “за безбедност“ во земјата што на едни се применуваат, а на други не, и служат само како маска што треба да и покаже на некоја Европска комисија дека “секој ден во секој поглед ние само напредуваме“.