19 Мај, 2024
0.0316

Ребаланс на буџетот нема да има, во вонредна состојба може и без гласање да се пренаменуваат пари

Објавено во: Економија 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ребаланс на буџетот нема да има, бидејќи се овозможува поради вонредната состојба, Владата самата да ги носи уредбите и одлуките за реалокации на парите од еден на друг буџетски корисник.

„На расходната страна на Буџетот ќе има кратења, но ребаланс нема да биде потребен. Ќе имаме поголема брзина да делуваме во вонредна состојба, па ќе се вршат побрзи реалокации на средства за да се покриваат потребите и на задравството, и на стопанството“, објасни првата финансиерка Нина Ангеловска. 

Според неа, ребалансот во најбрзо сценарио би зел две-три недели, а во нормално еден месец и повеќе, а сега сме во ситуација брзо да реагираме. 

„Вонредната ситуација ни ја дава таа флексибилност и брзина за да можеме да носиме уредби со законска сила и затоа Владата може да носи одлуки за реалокација кои во нормални околности ги гласа парламентот, за кога ќе биде потребно да се прават реалокации од еден на друг корисник. Се што ќе биде поврзано со кризата, ќе тече побрзо, ќе се скрати рокот за поврат на ДДВ. Не зборуваме за ребаланс во овој момент, туку реалокации кај буџетските корисници“, рече Ангеловска.

Реалокациите ќе бидат само во насока на справување со коронакризата.

Во третиот квартал се очекува заздравување на економијата, а во четвртиот се очекува раст. Тешко е да се предвиди како годината ќе заврши. 

„Владата е тука за фирмите и за граѓаните. Наскоро ќе се презентира нов сет на мерки за поткрепа на стопанството. Подготвени сме и за најлошите сценарија, а се надеваме на најдоброто“, рече Ангеловска.

Буџетот ќе може да одговори на сите потреби, ни едно семејство нема да остане без приход. Фокусот ќе биде да нема ни едно отпуштања. 

„Сите ќе го сносиме товарот, замолувам за трпение додека не стигне вториот сет на мерки“, нагласи министерката.

За можно намалување на плати во администрацијата, министерката апелираше да се почека вториот сет на мерки. 

„Секој треба да го сноси товарот. Тука не се работи само за намалување, туку за солидарност. А некои индустрии нема да почувствуваат проблем, дури и ќе пораснат, затоа повикав авансно да ги платат аконтациите за данокот на добивка“, нагласи првата финансиерка. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?