Добивај вести на Viber
Имајќи предвид дека советниците во Советот на Град Скопје од редот на Сојузот за иднината, во знак на протест против апсењето на Мирослав Шиповиќ, не учествуваа во работата на седницата на Советот на Град Скопје која се одржа на 18.10.2013 година, а на која советничкото мнозинство го донесе предложениот Ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2013 година, СДСМ не се согласува со ваквата погрешна политика што ја води градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, реагираа денеска социјалдемократите.
Клучните проекти на градските власти се најдоа на удар на ребаланост за годинешниот буџет на Град Скопје. Советниците од СДСМ велат дека се скратени капиталните расходи за клучни проекти, а за сметка на тие намалувања, се зголемени трошеањата за изградба на катни гаражи.
Намалени се парите наменети за објекти за ефикасност, уредување на градежно земјиште, системи за водоснабдување и прочистување на отпадни води и за изградба на магистрални и собирни улици. Од СДСМ посочуваат дека наспроти намалувањата, со ребалансот е зголемено задолжувањето со кредити.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека опозицијата, наместо да се занимава со блокади на Советот, добро е да погледне околу себе и да види дека Скопје наликува на градилиште и на европска метропола.
„Во однос на подземната сообраќајница, СДСМ повторно манипулира. Првиот тендер за овој проект, поради објективни причини беше стопиран и се очекува да се распише нов. Штом ќе се одбере изведувач, ќе започне со реализацијата. Во однос на задолжувањата, се работи за повлекување на средства од банките кои претходно биле одобрени, а кои Градот ќе започне да ги користи за нови капитални инвестиции“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во отсуство на советниците од СДСМ, владејачкото мнозинство во Град Скопје ги изгласа промените во буџетот. Вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје за 2013 година се намалени за 11%. Градот се одлучи на ребаланс поради намалените приходи во градската каса, односно во основниот буџет.