Рецесија и силен оптимизам во македонската економија во 2021-22 година - состојби и перспективи
Објавено во: Колумни 08 Декември, 2020 15:36
Можеби ќе ми забележите за моите оптимистички погледни, но јас милувам да го обележувам толкувањето, на сега веќе починатиот Кенеди Ф. Роберт, кој меѓу другото ќе истакне: “Некои луѓе ги гледаат работите такви какви што се и прашуваат: зошто? Јас сонувам за работите какви што никогаш не биле, и се прашувам: зошто не?”.
Во контекст на толкувањето на Боб погоре, а со цел да се даде позитивна проценка на актулената состојба на рецсија, во која денес се најде македонската економија, сакам накратко да дадам коментар врз основа на анализите и сценаријата на ММФ. Имено, во нивните сценарија кои се алтернативни се вели дека мерките за спречување на ширењето на заразата ќе имаат поголем негативен ефект врз економската активност во втората половина на 2020 година. Ова толкување е со право, ако се име во предвид актуелната состојба во нашата економија, земјите од еврозоната и од регионот. Понатаму, тие во нивните анализи одат подалеку, во 2021 година со претпоставки, од една страна песимистички - дека борбата со пандемијата ќе биде со позабавено темпо од основното сценарио погоре, и од друга страна оптимистички тези (сценарија), кои велат дека ќе преовладуваат позитивните ризици, каде прават нивна материјализација. Тоа од своја страна подразбира дека светската економијата ќе закрепнува многу побрзо од основното нивно толкување (сценарио) во кое се велеше - “мерките за спречување на ширењето на заразата ќе имаат поголем негативен ефект врз економската активност во втората половина на 2020 година“.
Почитувани читатели на „Фактор“, јас сум на мисла дека ќе преовлада оптимистичкото сценарио. Тука нормално е да се постави прашањето: од каде ја влечам таа доза на оптимизам во моите размилувања? Дали сум објективен?
За таа цел, ајде најпрво да ги погледенеме анализите на земјите од регионот, па потоа и оние од еврозоната. Имено, од анализите на монетраните власти за вториот квартал во Храватска, ќе се забележи дека нивниот пад во економијата е најдлабок (нешто повеќе од 15%). Исто така, со малку помала динамика на пад, беше констатирана рецесија и во: Романија, Албанија и Бугарија. Не може, а да не се подвлече дека токму Србрија, која не е членка на ЕУ, внимавајте има најблаг пад од нешто повеќе од 6% на економијата за втор кваратл. Ако сега се погледне состојбата на овие земји, вклучително и македонската економија ќе се констатира подобрување на негативните стапките на раст. Историјата на 2020 година, во поглед на макроекномоските показатели покажува на почетокот, во првиот кваратал нешто над нула процентни поени раст на домашната економија, за да дојде до двоцифрена негатива (пад на БДП) во вториот квартал, и на крајот од 2020 година се проектира на негативни 4,9% (согласно анализата на монетраните власти).
Според тоа, може да се извлече заклучок дека состојбата, иако негативна, во економијата во регионот се стабилизира и има карактеристики на краткорочна рецесија за 2020 година, со висока тенденција да започне да закрепнува во 2021 година, како и конечно да се стабилизира таквата состојба во 2022 година. Понатаму, состојбата во развиените земји укажува на тоа дека тие водат политика на монетрана стимулација. Што тоа значи?
Кога сте во услови на нарушена доверба на финансиските пазари, ризици за неликвидност на стопанството и економијата воопшто, а како резултат на негативните ефекти на пандемијата, на монетраните власти во резвиените дражи не им останува ништо друго освен брзо да реагираат преку политиката на каматни стапки, поточно истите да ги задржат на тековни ниски нивоа. Тоа и беше направено. Паралелно со тоа мора да се стимулираат и мерките за активност на економијата. Тоа значи на пример, имплементација на мерки насочени за олеснување на финансискиот товар за големите фирми и стимулирање на кредитирањето на правните и физички лица. Секако, и тоа беше направено. Во оваа насока сакам да ја споменам и политиката на ЕЦБ, каде таа во текот на третиот кваратал, па и во овој, продолжи да откупува хартии од вредност во дополнителен износ над оние веќе откупени во летниот период (јуни, 2020) во пари искажано, околу 120 милијарди евра.
Ова секако ќе предизвика или ќе има индиректно влијание на македонската економија, ако се има во предвид дека најголемиот наш трговски партнер е токму Европската унија. Дополнителен фактот, од каде го влечам мојот оптимизам денес, е состојбата банкарскиот сектор. Ако се погледене во монетраната анализа на Централната банка кај нас, ќе се види дека има неколку охрабрувачки елементи, и тоа:
- ЕЦБ ни одобри репо-линија во вредност од 400 милиони евра, наменета за обезбедување девизна ликвидност за финансиските институции;
- Позитивен кредитен раст на македонските банки со стапка поголема од 5%, како и тенденција на зголемување во наредните години; и
- Ваквиот кредитен раст е пратен од растот и тоа, солиден на страната на депозитите за 2020 гпдина. Практично и тој раст се очекува да биде во паралела на растот на кредитирањето;
На крајот, ако погледенеме структурно, во македонската економија извоорт на таквиот пад на економијата треба да се бара во индутријата и кај гранките од трговијата, транспорт и угостителство. Охрабрува податокот дека земјодлеството и градежништвото се во позитива.
Одговор на ваквата состојба во структурата на домашната еконмија, а кое се однесува на индутријата и за гранките од трговијата, транспорт и угостителство ќе го дадам во цитатот на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги:
„Банките мораат брзо да позајмуваат средства со нула трошоци на компаниите кои се подготвени да заштедат работни места. Бидејќи, на овој начин тие стануваат средство за јавната политика, капиталот што им е потребен за извршување на оваа задача, Владата мора да го обезбеди во форма на државни гаранции за сите дополнителни пречекорувања или заеми. За оваа намена, ниту регулативата, ниту правилата за обезбедување не треба да спречуваат создавање на такви услови потребни во билансите.“
проф. д-р Синиша Наумоски,
директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа во Скопје - Хајделберг Институт
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





