03 Мај, 2024
0.0552

РЕФОРМА: Какви пензии ќе имаат родените пред 1967 година?

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Со реформите на пензискиот систем, кои почуваат да се применуваат со стартот на оваа година, осигурениците од приватните задолжителни пензиски столба кои се родени пред 1967 година ќе бидат автоматски префрлени во државниот Фонд за ПИОМ и пензија ќе примаат само од таму. Право на избор да останат во приватните фондови ќе имаат само оние членови родени пред 1967 година, а кои доброволно пристапиле во задолжително пензиско осигурување. Тоа ќе можат да го направат со потпишување изјава за продолжување на членство во вториот стол, најдоцна до 30 септември 2019 година.

Според објаснувањето од Министерството за труд и социјална политика, оваа мерка се презема за да им се даде можност на овие граѓанида имаат поповолни пензии.

- Имаме излегување на ваков тип на пезнионери и гледаме дека пензиите им се нереално ниски. Со ова ќе им дадеме можност да се вратат и да добиваат пензија од првиот столб- велат во министерството.

Во приватните пензиски фондови уверуваат дека овие реформски мерки нема да влијаат на нивната работа.

- Овие мерки нема да имаат влијание на структурата на портфолиото, утврдената структура на инвестиции на фондот ќе се задржи и во иднина. Одливите кои произлегуваат од законските измени ќе бидат покриени од тековните уплати од придонеси во фондот и очекуваните доспевања. Ова би значело дека овие мерки нема да имаат никакво влијание на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје во иднина. Друштвото и понатака ќе продолжи со своите редовни инвестициски активности во насока на најдобар интерес на членовите на Фондот- велат во КБ Прво пензиско друштво.

Исто така, ќе може сите оние кои користат бенефициран стаж да се вратат и да користат пензија само од прв државен столб. Во моментов во таква ситуација се вработените во МВР и во МО, како и рударите, што ги става во поповолна положбаи дадобијат поповолни пензии.

Со реформите се зголемува и процентот на пресметка на пензии во двостолбниот систем. За мажи процентот се зголемува од сегашните 0,75 отсто на 1 отсто, а за жени од 0,86 отсто на 1,14 отсто.

- Ако по денешниот систем оние што се во двостолбен систем се пензионираат ќе добијат максимални 30 отсто од платата. Со новиот систем којшто го воведуваме ќе добијат 40 отсто од максималната плата, што значи поповолни пензии и стабилна исплата на пензии за идните пензионери- изјави министерката Мила Царовска.

Со законските изменисе зголемуваат стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите и тоа за задолжително пензиско и инвалидско осигурување за зголемува на 18,4 отсто за 2019 година, а од 2020 година 18,8 отсто, додека за задолжително здравствено осигурување за 2019 година ќе биде 7,4 отсто, а од 2020 година ќе биде 7,5 отсто.

- Стапката на придонес за вториот пензиски столб не се менува, односно останува 6 отсто од основицата за плаќање придонес, што значи во 2019 година од вкупно 18,4 отсто за придонеси за задолжително пензиско осигурување по лице, 6 отсто од придонесот ќе се издвојува за вториот столб, додека 12,4 отсто ќе се издвојува за Фондот на ПИОМ. Оваа промена нема влијание врз работењето на приватните пензиски фондови и индивидуалните сметки на членовите во вториот столб- објаснуваат од КБ Прво пензиско друштво.


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен