15 Декември, 2025
0.0515

Реформите во Грција: Вистински пат или пат кон разурнувањето?

Објавено во: Балкан 03 Април, 2015 08:10

Добивај вести на Viber

Грција  претстави подобрена листа со предлози за реформи, но нејзината нова влада не размислува да попушти. Не се исчезнати и стравувањата дека земјата може да ja напушти еврозоната, пишува во својата анализа CNBC. Содржината на листата со реформите, која беше објавена од грчкиот печат, вклучува собирање на дополнителни 4,7 - 6,1 милијарди евра владини приходи. Ова претставува "јасен чекор во вистинската насока", според економистите во Barclays Capital. Тоа значи дека во реалноста грчката влада направила некои отстапки пред европските органи во тековниот спор околу мерките за штедење наметнати како дел од спасувачкиот план на земјата. Грција избра нова влада во јануари, раководена од екстремната партија СИРИЗА, која вети дека ќе стави крај на мерките за штедење. Ова сериозно го промени тонот на преговорите со меѓународните кредитори и предизвика загриженост дека може да доведе до банкрот на земјата и излегување од еврозоната. Сигурно е дека Грција се уште има потреба од надворешна финансиска поддршка, особено од 7,2-милијарди евра спасувачки средства на кои Атина се надева. До денес Грција добила два спасувачки пакети во вкупна вредност од 240 милијарди евра. Нејзините кредитори продолжуваат да вршат притисок врз грчките политичари, за да биде постигнат компромис. Во средата, Европската централна банка ја зголеми итната ликвидност на Грција со скромните 700 милиони евра до 71,8 милијарди евра. Стратези од Rabobank тврдат дека тоа е продолжување на "стратегија, во која можноста на Грција во однос на ликвидноста е строго ограничена". Атина ги намали трошоците на владата, но земјата, исто така е погодена од паѓање на даночни приходи. Тоа значи дека владините податоци за дефицитот се полоши од поставените цели и дефицитот продолжува да расте кон крајот на февруари. Другите земји од периферијата на еврозоната, кои беа спасени за време на кредитната криза, се во различни фази на закрепнување, но Грција значително заостанува. Буџетската консолидација на Грција се распаѓа ", вели Џесика Хиндс, европски економист во Capital Economics. Грција треба да отплати 460 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд на 9 април. Има и стравувања дека новите грчки плановите се премногу оптимистички за тоа како ефикасно може да биде спроведено искуството на измама и даночно затајување. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството