РЕГУЛАТОРИТЕ КАЖАА - цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот
Објавено во: Македонија 10 Август, 2020
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти согласно одлуката од 4.8.2020 година, додека зголемување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 1,611 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 26,121 ден/кг.
Од 11.08.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 60,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 62,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 26,121 (денари/килограм)
Воизминатиот седумдневен периодреферентните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемувањеза2,262%, на дизелот за 1,045% ина екстра лесното масло за 1,048 %, додека кај мазутот има зголемување за3,899%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокз а 1,023 %.