20 Декември, 2025
0.0685

РЕИЗБОР ПОСЛЕ ИЗБОРИ: Заев ќе избира судии кои ни во сон нема да монтираат процеси

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 15:07

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер денеска најави реизбор на сите судии во државата со што како што рече „ќе се раскине спрегата на  несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски“. 

Заев рече дека ниеден судија после изборите и победата на опозицијата нема да си дозволи да осудува невини луѓе и да монтира судски процеси. 

„Ни во сон ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци. Затоа што криминалците ќе бидат, каде што им е местото. Пред лицето на правдата. Лицето на правдата ќе биде целосно нов самостоен, независен, совесен, одговорен судски систем. И сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што знаеме дека трпат последици – на нив им порачувам, да не се грижат. Нивната жртва денес, ќе биде нивна предност по 11 декември. Со реизборот во судствството – политичарите, извршната власт, ќе мора да ги повлечат канџите од судството! Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати“, децидно рече Заев.

Тој меѓудругото најави дека на Триумфалната капија СДСМ ќе постави бројчаник којшто ќе врти и ќе покажува „како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво вакво зло врз граѓаните, се одговара“.

Можеби ќе ве интересира

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието