Добивај вести на Viber
Во Велес, реконструкција на Офицерскиот дом за негово претворање во Градска куќа, е во полн ек, информираат од локалната самоуправа.
„Изминатиов период, екипи на ЈКП „Дервен” превземаaт интензивни активности за кастрење и уредување на деградираните дрвја во дворното место на поранешниот Офицерскиот дом во Велес“ - се наведува во соопштението на локалната власт.
Истовремено, градежните работни активности и расчистувањето на теренот од градежниот шут продолжуваат според предвидената динамика.