РЕКОРД: Mигрантите навалија на овој остров
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2017
Мигрантите повторно навалија на грчкиот остров Лезбос.
Бројката скокнала во октомври во однос на претходните месеци.
Рекорден број бегалци пристигнале оваа година на островот, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Минатиот месец на островот дошле 2.216 мигранти, за разлика од септември кога пристигнале 2.170, а во август се регистрирани повеќе од 1000.
На сите острови во северниот дел на Егејското Море во октомври пристигнале вкупно 3.478 мигранти. Од нив 1.069 мигранти се наоѓаат на островот Хиос и 193 се на Самос.
Турската крајбрежна стража во октомври реагирала во 61 инцидент во турски територијални води и назад во Турција вратила 2.729 луѓе.