08 Октомври, 2024
0.0227

Рекордна посетеност на овогодинешниот Amsterdam Dance Event

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Овогодинешното дваесет и трето издание на Amsterdam Dance Event го заокружија неколку интересни јубилеи и достигнувања. Дека трендот на раст на EDM сцената не е завршен се потврдува преку оствареното на ADE 2018 каде се достигнаа рекодни преку 1000 настани, кои беа посетени од преку 400.000 посетители кои дојдоа од над 100 земји и се тоа се случуваше на 200 локации на целата територија на Амстердам. Оваа публика ја забавуваа преку 2500 DJ-и во “забавниот дел (ADE Festival)” и преку 600 говорници на “формалниот дел” (ADE Conference).

Во рамките на ADE беше промовирана книга во која е опишан 30-годишниот развој на EDM сцената во Холандија.

Еден од новите трендови во последните неколку години на EDM сцената е нејзиното ширење во Азија, посебно во Јужна Кореа.   

Тука нема да пренесеме импресии од тоа како поминавме на АДЕ 2018 од едноставна причина што не постојат соодветни зборови да го објасниме и доловиме тоа. Затоа ќе ви кажеме посетете го АДЕ и нема да зажалите. Доколку не сте љубител на електронска музика, Амстердам е тука да ви понуди поинакво уживање.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни