Ременски: Најдете министер кој може да растури верски обред
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2020
Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба. Ниту имало, ниту ќе има, напиша на својот фејсбук профил Фросина Ременски од СДСМ поптпретседател на Собранието, поранешна министерка. СДСМ побара оставка од министерот Наќе Чулев за настанот во Струга. Ременски проблематизира и за тоа кој ќе констатира оставката на Чулев.
„Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста. Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата. Ако важи она народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап. Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и без литии
Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за "вечерното просветление за денска Струга", но малку реалност не е на одмет. Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а, можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот.
Кој ќе ги свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?, стои во статусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.