26 Април, 2024
0.0308

Ременски: “Неморалниот и неодговорниот” Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеничката Фросина Ременски, вчера застана во одбрана на колегата Павле Богоевски,  откако се појави аудио снимката на која се слуша како тој наводно порачува наркотици.

Таа го спореди Богоевски со екс премиерот, Никола Груевски, и рече дека за разлика од него кој никогаш не призна дека „бомбите“ се автентични, Богоевски барем призна дека се работи за неговиот глас.

Ременски кажа дека додека се делат лекции за морал и етика, Богоевски призна дека тоа е неговиот глас, а не рече дека е „сечено, лепено, монтирано“. 

„Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше – провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства … “Неморалниот и неодговорниот” Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски.
Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега …, преку сечено, лепено и монтирано.
До тогаш … Живели моралисти !“, пишува Ременски на фејсбук.

Откако се појави снимката, Богоевски веднаш кажа дека не нарачува дрога, туку масло од канабис за близок, а од ВМРО-ДПМНЕ побараа негова оставка. 

ОЈО побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“