18 Мај, 2024
0.0294

„Реплек“ го исплати белгиски Хубо, ќе ја намали ли тоа дивидендата?

Објавено во: Економија 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Промената е пријавена на 23 декември и е објавена на Централниот регистер. „Реплек“ не објави колку платил за уделот на „Хубо“, а мали акционери се загрижени дека исплатата ќе влијае негативно врз нивната потенцијална дивиденда од работењето на „Реплек“ во 2016 година

Познатата македонска компанија за трговија со медицинска опрема и фармацевтски средства „Реплек“ објави дека го исплатила уделот на својот белгиски партнер “Хубо“ во заедничката македонска фирма „Реплек Хубо Интернационал“ и дека сега „Реплек“ е единствен сопственик на тоа друштво.

Во информацијата за јавност не пишува колку средства исплатил „Реплек“ на „Хубо“ за раскинување на партнерството. Пишува само дека уделот на „Хубо“ бил малцински и дека и пред тоа „Реплек“ бил доминантен сопственик. Освен тоа пишува и дека сега „Реплек“ , по откупот е единствен сопственик на тоа друштво со вкупен влог вреден 141,67 милиони денари (околу 2,3 милиони евра).

Заради тоа што „Реплек“ не беше транспарентен пред инвеститорите и не ја објави висината на сумата за која го откупил уделот на „Хубо“ не сме во можност да објавиме официјална информација и нема да шпекулираме за износот што компанијата го плаќа за уделот. Ова само по себе говори за односот на „Реплек“ кон македонската инвеститорска заедница.

Сепак оваа вест не ја примија со задоволство сите , а особено се загрижени  некои мали акционери во „Реплек“ кои се дел од инвеститорската заедница. Заради тоа што исплатата на уделот се доведува во корелација со износот на дивиденда што „Реплек“ би ја ислатил за своето успешно работење во 2016 година во периодот што следи. Имено акционери се во дилема дали исплатата на „Хубо“ може да влијае негативно врз дивидендата што би требало да биде исплатена. Инаку „Реплек“ во изминативе  три години изгради имиџ на „супер дивидендна компанија“ и заради тоа таа акција е посакувана меѓу малите македонски инвеститори. Според официјалните податоци достапни на сајтот на берзата за работењето во 2013, 2014 и 2015 година „Реплек“ исплаќал дивиденди и тоа во износ од 3.998 денари за 2013 година, па 3.384 денари за 2014 година и 2.468 денари за 2015 година. Односно вкупно за трите години по акција се исплатени вкупно 9.850 денари. Токму заради тоа таа акција имаше солидна цена на берзата, а таа допре до 40.000 денари во средината на август годинава и од тогаш до сега има благ пораст.

Многу е веројатно дека во овој период од август наваму очекувањата на инвеститорите се високи за исплата на дивиденда и заради тоа и ценовното ниво на таа акција надминува 40.000 денари подолго од 4 месеци. Токму заради недостигот на информации дел од тие инвеститори сега се уплашени дека исплатата на уделот на „Хубо“ може негативно да влијае врз потенцијалната дивиденда што ја очекуваат на претстојното годишно акционерско собрание што традиционално се одржува во првата половина од годината.

Консолидираниот биланс на успех на „Реплек“ за првите девет месеци покажува подобро работење од лани од аспект на остварената добивка. Таа бележи раст од 6 отсто до износ од 71 милиони денари и тоа во услови кога нивото на приходи од продажба паднало за 7 отсто односно за 40,3 милиони денари до износ од 563,8 милиони денари. Оперативните расходи на компанијата се 521,6 милиони денари и во однос на лани бележат пад од 2 отсто односно 9 милиони денари. 


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа