Реплек подели дивиденда и доби нов член на Надзорен одбор
Објавено во: Економија 06 Април, 2018
Реплек АД Скопје на годишното Собрание на акционери, покрај одлуката за распределба на дивиденда во нето износ од 4000 денари по една акција, исто така донесе и одлуки кои се однесуваат на управувачките органи на компанијата.
Така за нов член на Надзорниот одбор е избран Иван Соколов, чиј мандат ќе трае до 18 април 2023 година.
Соколов доаѓа на местото на Бисерка Поповска, која се повлекува од позицијата во Надзорниот одбор бидејќи ќе оди во пензија и повеќе нема да може да ја извршува оваа досегашна функција.