Репрезентација до 21 година: Да ја потврдиме нашата вредност и против Бугарија
Објавено во: Мои пари 27 Март, 2017 15:50
Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре против Бугарија во 14:00 часот игра пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. За фудбалерите кои ќе настапат на Европското првенство во Полска од 17. јуни овој меч е веројатно последниот тест пред континенталниот шампионат.


Голманот на нашата млада селекција, Игор Алексовски вели дека натпреварот со Бугарија е добра можност да ја продолжиме успрешната резултатска низа.
-Секогаш е убаво чувството кога играме пред своите навивачи, тоа за нас секогаш е поттик повеќе. Добро работевме во изминатиот период. Знаеме дека како што се наближува Европското првенство и притисокот врз нас ќе станува се поголем, но не бегаме од одговорноста. Натпреварот против Бугарија е добра можност да се обидеме да ја продолжиме успешната низа. Бугарија има квалитетен состав и ќе биде одличен натпревар. За нас е важно да ги почитуваме насоките од стручниот штаб и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Алексовски.
Капитенот Бобан Николов смета дека и на натпреварот против Бугарија, нашата репрезентација ќе ја повтори својата вредност.

-Без разлика што е пријателски, овој натпревар е многу важен за нас затоа што ова е веројатно последниот подготвителен меч пред Европското првенство во Полска. Одиме на победа, ние сме меѓу најдобрите 12 репрезентации во Европа и повтороно ќе се обидеме да ја покажеме нашата вредност. Го оставаме зад нас натпреварот против Лихтенштајн и се фокусираме на Бугарија. Се надевам дека и публиката ќе не бодри како и досега и ќе биде наш играч повеќе,изјави Бобан Николов.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




