05 Мај, 2024
0.0227

РЕШЕНА МИСТЕРИЈА: Еве зошто јапонскиот народ е најдолговечен на светот!

Објавено во: Стил 08 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Александар Имиќ, најстариот маж на светот кој е роден во 1903 година, почина минатиот јуни во Њујорк. Титулата најстар премина во рацете на Скарија Моморе (111), која му припаѓа на народот кој се одликува со голем број долговечни жители - Јапонија.

Според официјалните податоци, Јапонците имаат највисока стапка на долговечност од сите земји на светот. Просечен животен век на жената е 87, а на мажите 80 дена старост.

Според истражувањата на СЗО, Јапонците во просек живеат 75 години целосно здрави, без никакви здравствени проблеми.

Се поставува прашањето - како ? Јапонија е земја во која најмногу се работи, а во просек 1745 час годишно, што е најмногу на светот. Притисокот и стресот на работата се исклучително големи. Ако го земеме како пример работник кој доброволно дава отказ доколку задоцни една минута на работа - се ви е јасно.

Во истражувањето дошло до заклучокот дека голема заслуга во долговечноста на јапонскиот народ има нивната исхрана, базирана на риба и зеленчук.

Комбинацијата на мали порции во вид на ниско калорична храна, како риба и зеленчук, значително допринесува во здравјето на јапонскиот народ.

Ова во својата книга „Жените не стареат и не се дебелеат: Тајната на токиската кујна на мојата мајка“, го потврдува и писателката Наоими Моријама.

Здравствените експерти се сложуваат и наведуваат дека јапонската храна е избалансирана така што повеќепати го намалува ризикот од рак на стомакот, за разлика од западната исхрана.

За тоа најголема заслуга имаат намирниците како риба, тофу, морски алги, лигњи и октопод.