19 Мај, 2024
0.0257

РЕЦЕПТ: Ефикасни домашни маски за чиста и млада кожа

Објавено во: Стил 26 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Негата на вашата кожа е пресудна за да се борите со акните и брчките на лицето.

Овие неколку домашни маски ќе ви го направат да имат чисто и здраво лице и да изгледате помладо.

Мед - Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.

Жолчка од јајце - Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.

Белка од јајце - Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.

Грозје - Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.

Банана - Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.

Јогурт - Нанесете го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.

Јаболков оцет - Разводнете го оцетот со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.

Маслиново масло - Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.

Сода бикарбона - Употребете ја како ексфолијант за лице и додадете ја во редовниот “чистач” за лице.

Млеко - Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“