Ревизија на издадени повластени паркинг карти во Центар
Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2013
ЈП Паркинзи на општина Центар од денеска во следните три месеци ќе прави ревизија на сите издадени повластени паркинг карти – ППК на сите отворени и затворени паркинзи.
- Целта на оваа ревизија е да се проверат сите издадени повластени карти во минатото и да се увиди дали имаат услов за продолжување и оваа година, информира ЈП Паркинзи на општина Центар.