18 Јануари, 2025
0.0294

Ревизија на референтните цени на лекови кои се на товар на ФЗОМ

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Дополнување на 49 нови заштитени имиња на лекови кои опфаќаат 37 лекови по генерика со одредена фармацевтска дозажна форма и јачина од примарната позитивна листа кои се издаваат на рецепт во ПЗУ аптеките на товар на Фондот за здравствено осигурување, се врши со одлуката на УО на Фондот (објавена во Службен весник од 29 август) за измени и дополнувања на одлуката за референтни цени на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Тоа  претставува пет отсто зголемување на вкупниот број на лекови со референтна цена.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази, кој рече дека одлуката за утврдување на референтните цени на лекови се дополнува и со нови девет заштитени имиња на лекови за осум генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од Листата на лекови кои паѓаат на товар Фондот од болничката позитивна листа (за болничка здравствена заштита). Со тоа, укажа Мехази, вкупниот број на лекови според заштитено име за кои Фондот има утврдено референтна цена се зголеми на 1.672 лека (1.018 лека од примарна листа и 654 лека од болничка листа).

-Со дополнувањето на нови лекови во одлуката за утврдување на референтните цени на лекови се зголемува изборот на лекови за осигурениците и конкуренцијата на пазарот на лекови во Македонија со што се очекуваат и позитивни ефекти за намалување на одредени цени на лекови, како што покажува и досегашното искуство на Фондот. Со ова истовремено се зголемува и број на лекови без доплата за осигурениците, посочи Мехази.

Дополнување на нови готови лекови од примарната позитивна листа има за генерики од групите на лекови за: желудник, маснотии во крвта, шеќер во крвта, простата, антибиотици, против воспаление и антиревматици,  остеопороза, паркинсонова болест, епилепсија, Алцхајмерова болест и нервен систем. Во прилог е дадена табела со лековите.

Тој додаде дека ФЗОМ контиунирано и редовно врши проверки и соодветно ажурирање на одлуката за утврдување на референтните цени на лекови согласно актуелните состојби и законските прописи.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение