17 Април, 2025
0.0638

Резултат под влијание на силните притисоци од историски највисоките цени на кафето и какаото

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2025 12:30

Добивај вести на Viber

Атлантик Група во 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 1,08 милијарди евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,8%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 12,0% на 97,0 милиони евра, додека нето добивката изнесува 26,5 милиони евра и е намалена за 15,2%  во однос на 2023 година. Во рамките на најавите, се работи за негативното влијание на силните притисоци на историски највисоките цени на кафето и какаото кои влијаеја на профитабилноста, особено во последниот квартал од годината.

“И покрај неповолните услови за работа во опкружувањето, Атлантик Група 2024 година ја заврши со одлични продажни резултати, кои за прв пат надминуваат милијарда евра. Рекорден приход е остварен како резултат на растот на продажбата во речиси сите деловни и дистрибутивни подрачја на поголемите пазари, а раст на EBITDA постигнавме, и покрај значителниот раст на цената на на нашите клучни суровини, кафето и какаото, а истовремено со зголемени вложувања во луѓето и маркетинг. Би сакал да им се заблагодарам на сите наши вработени, за посветеноста и напорната работа, како и на нашите партнери на долгогодишната поддршка. Очекуваме и во иднина бројни предизвици, но остануваме посветени на зајакнување на профитабилноста, иновации, профитабилен раст и одржлив развој“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Кафе, Пијалаци, и Деликатесни намази го предводат растот

Најголем продажен раст оствари Стратешкото деловно подрачје Кафе (24,5%). Пијалаци (9,5%) и деликатесни намази (9,1%). Кафето како најголема поединечна категорија учествува во вкупниот приход со 23,0%. Во дистрибуцијата, растот го предводи Стратешката дистрибутивна област Србија со раст од 12,6%, следи Северна Македонија со раст од 11,3%, и потоа Хрватска со раст од 8,7%, а значаен двоцифрен раст е остварен и на клучните западни пазари (Германија, Австрија, Швајцарија). Во вкупната продажба на Атлантик Група сопствените брендови сочинуваат 62,7% од вкупната продажба, медицинското работење 8,8%, додека принципал брендовите учествуваат со 28,5% во вкупниот приход од продажба.

Годината која измина ја одбележа аквизицијата на Strauss Adriatica, која успешно се интегрира во составот на Атлантик Група, и веќе од следната година се очекува значаен синергиски ефекти. Од развојот на дистрибуцијата, треба да се истакне автоматизацијата на централниот магацин во Вуковина со напредна 2D шатл технологија, која Атлантик Група ја воведе како една од првите во овој дел од Европа. Годината помина со значајни капитални вложувања од речиси 50 милиони евра, а се истакнуваат вложувањата во развој на производна линија за солени и слатки закуски во Белград и производствен погон Донат во Рогашка Слатина.

Одржливост и одговорност на прво место

Одржливиот раст останува една од главните стратешки насоки во работењето на Атлантик Група. Компанијата,стручните организации и институции ја препознаа како лидер во областа на ESG во Словенија, Хрватска и Србија, освојувајќи награди за транзицијата кон циркуларната економија и образовни програми, и доби сертификат „Equal Pay Champion“, кој им се доделува на компаниите што се посветени на еднаква плата за своите вработени за истата работа, како и еднакви кариерни можности без разлика на пол. А го доби и признанието Above and Beyond за квалитет во управувањето со човечки ресурси, кое го доделува Selectio Group како дел од проектот Employer Partner.

Во 2024 година, Атлантик Група петти пат по ред ја доби наградата за најдобри односи со инвеститорите, која ја доделува Poslovni dnevnik во соработка со ЗСЕ, а беше доделена и наградата за градење доверба во јавноста, која ја доделува PwC Хрватска во соработка со ЗСЕ. Четврта година по ред се добива и наградата за најдобро корпоративно управување што ја доделуваат Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (ХАНФА) и Јутарњи лист. Горенаведените награди и признанија сведочат повторно и повторно за посветеноста на компанијата за транспарентност, професионалност и квалитетно деловно известување. Од корпоративните новости во текот на годината, онаа што се издвојува е дека во јули е исплатена дивиденда од 1,20 евра по акција, што сочинува повеќе од 50% од консолидираната годишна добивка, што дополнително ја потврдува стабилноста и континуираните деловни перформанси.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење