РИСТОСКА И ЛАПЕ ПАК ИЗВИСИЈА, НЕ ДОБИЈА УНАПРЕДУВАЊЕ – Еве кои се новоизбраните обвинители
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2023
Поранешните обвинители од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска и Љубомир Лапе повторно извисија за унапредување на нивните работни позиции.
На денешната седница на Советот на јавни обвинители избрани се Наташа Гаџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишто Јавно обвинителство Скопје. Додека Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство во Македонија.
ОЈО за гонење организиран криминал и корупција доби нови обвинители, тоа се Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева. Додека пак на Милица Гаврилова и беше продолжен мандатот и таа останува и понатаму обвинител во ОЈО ГОКК.
Меѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески.
Што се однесува пак до Ристоска и Лапе, двајцата од СЈО по втор пат конкурираат за унапредување во Вишто обвинителсто, но не успеваат да добијат мнозинство од членовите.
Обвинителката Наташа Гоџоска, е позната по случајот со малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи лекување во Турција, од кој всушност се откажа.
Артан Ајро беше исто така уште еден член на СЈО, и ова е негово второ унапредување откако беше избран за обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а сега оди во скопското Вишо обвинителство.
Ајро е еден од обвинителите против кои поранешниот народен правобранител, Фехми Стафа поднесе кривична пријава за конфискацијата на имотот на „Трансмет“, предмет против бизнисменот Сеад Кочан од кого од буџетот требаше да се вратат 17 милиони евра, но не се врати ни денар.
Советот на јавни обвинители пред извесно време се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ристоска која на научна конференција кажа дека членови на Советот на јавни обвинители тргуваат со влијание. Одредбите за обвинителите во Етичкиот кодекс Советот ги воведе во 2021 година и со нив практично им се забрани да ги коментираат одлуките на ова тело и не им се дозволува да коментираат ништо друго надвор од просториите на Обвинителството.
Ова надополнување на кодексот што го направи Советот на јавни обвинители во време кога со него претседаваше, Ацо Колевски, следуваше по изјавата на Ристоска со која побара обајснување зошто не е унапредена.
- Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет - Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука - изјави тогаш Ристоска.
Што се однесува до денешната седница, новина е што пет јавни обвинители се одбрани во Основното јавно обвинителство во Скопје и по еден во Гостивар и Кавадарци.
Од пријавените шест кандидати на огласот за пет, во Основното јавно обвинителство Скопје беа избрани Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса, Ајбејан Ајдини, а не беше избран кандидатот Игор Димитровски.
Во Основно јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, а во ОЈО Кавадарци, Елена Манчева Костова, единствени пријавени кандидати на соодветните огласи за двете обвинителства.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.