17 Мај, 2024
0.0304

Ризици при покачен крвен притисок и дијабетес!

Објавено во: Македонија 03 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет.

Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите.

Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  покачена телесна тежина

  пушење

  консумирање на прекумерни количества алкохол

  физичка неактивност

  исхрана богата со масти и сол

  генетски предиспозиции

  возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:

  здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)

  редовна физичка активност

  менаџирање и контролирање на стресот

  откажување на цигарите

  консумирање на алкохол само во умерени количини

  избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање